ЗМАИ денеска организира конференција на тема „Регионална интеграција преку подобри даночни и царински системи на земјите од Западен Балкан“
Ќе се обратат претставници од институциите и приватниот сектор и експерти кои работеле на подготовка на анализата.

Здружението за истражување и анализи (ЗМАИ) денеска ќе организира конференција на тема „Регионална интеграција преку подобри даночни и царински системи на земјите од Западен Балкан“.
Ќе се обратат претставници од институциите и приватниот сектор и експерти кои работеле на подготовка на анализата. По официјалното отворање на конференцијата и презентација на клучните наоди од анализите, ќе следува панел-дискусија.
Конференцијата се организира во рамки на проектот „Поврзување на земјите од Отворен Балкан преку добра даночна и царинска политика“, имплементиран од ЗМАИ, а финансиран од Фондацијата Отворено општество – Македонија.
Фото: / Facebook: ЗМАИ
