Македонија

Промоција на проектот „Протокол за постапување со деца со дијабетес во училишта и детски градинки“

25.09.2023 09:15

Асоцијацијата за детски дијабетес на Македонија – БАЛАНС МК со поддршка од Министерството за здравство и стручни лица, д-ри педијатри-ендокринолози од Клиниката за детски болести, го осмисли и реализираше проектот за креирање на „Протокол за постапување со деца со дијабетес во училишта и детски градинки“...

Асоцијацијата за детски дијабетес на Македонија – БАЛАНС МК со поддршка од Министерството за здравство и стручни лица, д-ри педијатри-ендокринолози од Клиниката за детски болести, го осмисли и реализираше проектот за креирање на „Протокол за постапување со деца со дијабетес во училишта и детски градинки“.

Овој Протокол всушност претставува прв стручно изработен и рецензиран протокол за постапување наменет за 700 деца со дијабетес тип 1 во нашата земја коишто редовно посетуваат детски градинки, основни и средни училишта, а бара пошироко институционално имплементирање и прифаќање.

На настанот ќе се обратат, Наташа Д. Димитревска, претседател на Баланс Мк, Јетон Шаќири, Министер за образование, Маја Манолева, заменик Министерка за здравство, Енвер Хусејин, заменик Министер за труд и социјална политика, Стојка Фуштиќ, Директорка на Клиника за детски болести и Ирфан Ахмети, Претседател на Национална Комисија за дијабетес, стои во соопштението.