Filharmonija

Концерт на дувачкиот оркестар „Phill – Harmonic“ на денови на македонската музика 2023

25.09.2023 09:28

Вечерва со почеток во 20 часот во Македонската Филхармонија, во рамките на втората сезона на манифестацијата „Денови на македонската музика“ концерт ќе одржи дувачкиот квинтет „Phil – Harmonic“...

Вечерва со почеток во 20 часот во Македонската Филхармонија, во рамките на втората сезона на манифестацијата „Денови на македонската музика“ концерт ќе одржи дувачкиот квинтет „Phil – Harmonic“. На програмата се делата: „Четири епизоди“ од Драгослав Ортаков, „Црно сонце“ од Валентина Велковска – Трајановска, „М.С. А“ од Стојан Стојков, „Дувачки квинтет“ на македонски револуционерни песни од Љубомир Бранѓолица и „Хумореска“ од Александар Џамбазов.

Квинтетот е составен од: Елена Дојчинова – флејта, Владимир Лазаревски – обоа, Здравко Ангелов – кларинет, Горан Јанев – хорна и Ванчо Стојановски – фагот.