Македонија
Денеска најавен нов протест за случајот „Онкологија“
25.09.2023 09:32
Како што посочуваат организаторите, протестот ќе започне пред Владата, а ќе продолжи пред зградата на Министерството за здравство...

Денес во 18:00 часот ќе се одржи нов протест за случајот „Онкологија“.
Како што посочуваат организаторите, протестот ќе започне пред Владата, а ќе продолжи пред зградата на Министерството за здравство каде, како што наведуваат ќе побараат одговорност за сите инволвирани во скандалот со Клиниката на онкологија, но и за обелоденување на информациите околу истрагата за трагедијата во модуларната болница во Тетово, вклучувајќи ги лицата од МЗ како што се претходните министри кои влијаеле за заташкување на случаите.
