мвр
Викендов на подрачјето на Куманово изречени вкупно 120 санкции, 60 за брзо возење
25.09.2023 10:02
Сообраќајните контроли продолжуваат и во наредните денови...

Во текот на изминатиот викенд, полициски службеници од Куманово спроведоа акциска контрола за санкционирање на возачи кои не ги почитуваат сообраќајните прописи, при што на подрачјето на Куманово санкционирани се вкупно 120 возачи, од кои 60 управувале возило со брзина поголема од пропишаната, 45 санкции за возачи кои управувале возило под дејство на алкохол и 15 за управување возило без возачка дозвола.
Сообраќајните контроли продолжуваат и во наредните денови. Се апелира до граѓаните да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи за да се зголеми безбедноста во сообраќајот и заедно да се придонесе за посигурни патишта, информираат од МВР.
