Македонија

Гевгеличанец ги убил братот и снаата откако се скарале околу заедничката куќа

25.09.2023 11:40

Гевгеличанец синоќа си ги уби братот и снаата откако се скарале околу заедничката куќа. Лицето е приведено и против него ќе биде поднесена кривична пријава. Од Обвинителството соопштија дека мотивот бил нарушени односи меѓу двајцата браќа…

Нарушени меѓусебни односи меѓу двајцата браќа. Ова е мотивот за двојното убиство во Гевгелија каде синоќа гевгеличанец ги застрелал братот и снаата пред семејната куќа. Полицијата го приведе 69-годишното лице и од него го одзело оружјето со кое го извршил убиството.

Од Основното јавно обвинителство Гевгелија соопштија дека пред убиството следела вербална расправија меѓу двајцата браќа во однос на заедничката куќа.

„Јавен обвинител од Основното Јавно обвинителство Гевгелија изври увид на самото место. Според првичните информации, мотивот за двојното убиство се нарушени меѓусебни односи на двајцата браќа, кои кулминирале заради банална расправија во врска со работи на заедничката куќа. Сторителот е лишен од слобода и во текот на денот ќе следи постапка“, соопштија од Обвинителството.

Јавното обвинителството од Гевгелија во текот на денот ја чека кривичната пријава од МВР за правна квалификација на делото.

Ване Трајков