ФРАНЦИЈА
Макрон: Франција ќе го прекине военото присуство во Нигер
25.09.2023 12:08
Реакцијата на Париз следи откако избраниот претседател Базум беше соборен со државен удар...

Франција ќе го прекине военото присуство во Нигер и ќе го повлече амбасадорот од земјата, соопшти францускиот претседател Макрон. Реакцијата на Париз следи откако избраниот претседател Базум беше соборен со државен удар. Нигер пак го затвори воздушниот простор за француски авиони.
Според аналитичари, најавата за повлекување од Нигер е значаен удар за политиката на Франција во Африка, откако француските трупи се повлекоа и од Мали и Буркина Фасо по државните удари.
