Кочани

Убиство во Кочани, 46 годишна жена смртно настрада, осомничениот е во притвор

25.09.2023 12:11

Увид извршила екипа на Одделението за внатрешни работи Кочани и јавен обвинител по чија наредба телото на почината е дадено на обдукција...

Утринава во Кочани, по претходна меѓусебна расправија, 59 годишен маж физички нападнал 46-годишна жена пред нејзиниот дом, при што ѝ нанел смртни повреди. Сторителот е лишен од слобода.

Увид извршила екипа на Одделението за внатрешни работи Кочани и јавен обвинител по чија наредба телото на почината е дадено на обдукција. По целосно документирање на случајот, против сторителот ќе биде поднесена соодветна пријава, информираат од СВР Штип.