Хуманитарен концерт за помош на Србија и БиХ

26.05.2014 09:15

На концертот ќе настапат голем број македонски естрадни ѕвезди, а картите се по симболична цена од 150 денари...

Хуманитарен концерт за помош на погодените од поплавите во Србија и БиХ ќе се одржи вечерва во салата Борис Трајковски во Скопје. Концеротот го организира Владата на Република Македонија.
 
На концертот ќе настапат голем број македонски естрадни ѕвезди, а картите се по симболична цена од 150 денари.
 
Средствата од хуманитарниот концерт, како и средства кои се планира да се соберат од претстави кои ќе бидат реализирани и изведени од нашите театари, Македонската опера и балет, Македонската филхармонија ќе бидат префрлени на посебна жиро сметка во „Борис Трајковски“, а потоа ќе им се предадат на поплавените во Србија и БиХ. 
 
Концертот ќе се пренесува во живо на првиот канал на Македонската телевизија, од 19 часот.