ИТАЛИЈА
Почина италијанскиот мафијашки бос Матео Месина – Денаро
25.09.2023 12:13
Денаро шест пати по ред беше осуден на доживотен затвор...

Почина италијанскиот мафијашки бос Матео Месина – Денаро, кој беше уапсен во јануари откако помина 30 години во бегство. 61 годишниот Месина Денаро во моментот на апсењето боледувал од рак. Денаро шест пати по ред беше осуден на доживотен затвор. Познат по прекарот Дијаболик, тој беше долгогодишен шеф на Коза Ностра.
Неговото најпознато злосторство, е убиството на 12-годишното момче, чиј татко требаше да сведочи против мафијата. Денаро го киднапирал момчето и го држел две години во заробеништво, го задушил, а телото му го фрлиле во киселина.
