грција

Стефанос Каселакис нов лидер на СИРИЗА

25.09.2023 12:19

Противкандидатка Ефи Ахциоглу, освои околу 13.000 гласа помалку...

СИРИЗА доби нов лидер. Бизнисменот Стефанос Каселакис освои мнозинство гласови на партиските избори. Противкандидатка Ефи Ахциоглу, освои околу 13.000 гласа помалку. Новиот лидер на партијата е 35-годишен бизнисмен кој живее во САД а кандидатурата ја достави на крајот на август и беше последниот, петти кандидат.

По завршување на вториот круг од гласањето порача дека очекува СИРИЗА да стане голема демократска партија, која ќе ја промени земјата. Ципрас кој 15 години ја водеше партијата, пред речиси три месеци си поднесе оставка.