МЖ
Железничкиот сообраќај на релација Скопје-Битола е во прекин
25.09.2023 14:06
Пожарите во пелагониско уништија речиси илјада прагови од пругата...

Железничкиот сообраќај на релација Скопје-Битола е во прекин. Пожарите во пелагониско уништија речиси илјада прагови од пругата.
Од Македонски железници – инфраструктура информираат, дека интензивно работат на отстранување на дефектот за повторно оспособување на сообраќајот.
Моментално сообраќаат само возовите од Скопје за Велес и Скопје-Гевгелија, додека патничките возови веќе неколку години не сообраќаат на релацијата Скопје-Кочани-Скопје и Скопје-Кичево-Скопје.
