НАГОРНО-КАРАБАХ

Илјадници етички Ерменци заминуваат од Нагорно-Карабах

25.09.2023 14:29

Миграцијата следи откако Азербејџан воспостави контрола над регионот...

Илјадници етнички Ерменци го напуштија Нагорно-Карабах и заминаа во Ерменија. Миграцијата следи откако Азербејџан воспостави контрола над регионот. Премиерот Пашинјан ја обвини Русија за неуспехот да ја обезбеди ерменската безбедност. Кремљ беше гарант за мировниот договор со кој заврши 44-дневната војна во Карабах пред три години.

Руските власти пак велат дека Пашинјан е виновен за погрешното справување со кризата.