Реакции

Ахмети за случувањата на Косово: Итна акција за гаснење на малигниот пожар

25.09.2023 14:50

Лидерот на ДУИ порача дека треба да се управува со ладнокрвност и мудрост, бидејќи последиците може да бидат регионални врз мирот и стабилноста.

Убиствениот напад врз Косово и полицијата е напад врз мирот, стабилноста и безбедноста на целиот регион, напиша лидерот на ДУИ на Фејсбук. Ахмети со осуда за убиството на полицаецот и ранувањето други лица на северот од Косово. Инцидентот го нарече сериозна провокација, која според Ахмети е намерна, со однапред одредена агенда. Лидерот на ДУИ порача дека треба да се управува со ладнокрвност и мудрост, бидејќи последиците може да бидат регионални врз мирот и стабилноста.

„Овие случувања се неприфатливи. Координацијата и соработката со меѓународната заедница, гарантирајќи ги мирот и независноста во Косово, се неопходни и итни. Потребна е итна акција за гаснење на малигниот пожар, кој има за цел проширување и вклучување на регионот“, нагласува Ахмети.