Врнежите добри за повеќето земјоделски култури

26.05.2014 09:29

Дождот кој оваа сезона го имаше четири пати повеќе ја спаси состојбата во земјоделството. Вода има доволно дури и во подлабоките слоеви во почвата.

Безнадежната состојба во текот на зимата кога немаше доволно дождови и снег, во април се подобри. На сите мерни места наврнаа повеќе од 100 мили литри на квадратен метар или до 4 пати повеќе врнежи од просечните.

Според агрометеорологот Ангелко Ангелески од Управата за хидрометеоролошки работи добро е што во подлабоките слоеви почвата беше исклучително сува,а врнежите послаби и недојде до поплавување на површините.

Овие врнежи треба да бидат доволни за есенските посеви и за добри приноси доколку не дојде до топлотен бран на почетокот на јуни.

Според проценките сегашната состојбата со сите култури е добра со одредено доцнење на вегетацијата кое до собирањето на реколтата може да се надополни.

 

Методија Трајков