Временска прогноза

Сончево со мала до умерена облачност

26.09.2023 08:10

Ќе дува слаб до умерен, наместа повремено засилен ветер претежно од североисточен правец...

Времето денеска ќе биде сончево со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен, наместа повремено засилен ветер претежно од североисточен правец.

Минималната температура ќе се движи во интервал од 9 до 18 степени, а максималната ќе достигне 30 степени.

Во Скопје ќе биде сончево со мала до умерена облачност и со слаб до умерен ветер од северен правец.