Министерот за одбрана на Словенија, Марјан Шарец во официјална посета на Северна Македонија
За време на посетата во Министерството, министерот Шарец ќе оствари тет-а-тет средба со министерката Славјанка Петровска, по што министерката Петровска и нејзиниот словенечки колега ќе го потпишат новиот Договор за соработка во одбраната меѓу двете земји...

Денеска, министерот за одбрана на Словенија, Марјан Шарец ќе пристигне во официјална посета на Северна Македонија која ќе се реализира во Министерството за одбрана и во Клубот на пратеници.
За време на посетата во Министерството, министерот Шарец ќе оствари тет-а-тет средба со министерката Славјанка Петровска, по што министерката Петровска и нејзиниот словенечки колега ќе го потпишат новиот Договор за соработка во одбраната меѓу двете земји.
Како што најавуваат од Министерството за одбрана, по потпишувањето на Договорот, официјалната посета продолжува во Клубот на пратеници, каде ќе се одржи прес-конференција на министерката Петровска и министерот Шарец, а потоа ќе се организира и панел – дискусија насловена „Научени лекции, споделени искуства и идни предизвици на кризниот менаџмент и цивилната заштита: Словенија и Северна Македонија“, на која ќе учествуваат министерката Петровска, министерот Шарец и професорот Трајан Гоцевски, модерирани од доцент д-р Весна Поповска.
