Влада

Грковска во работна посета на Република Словенија

26.09.2023 08:44

Вицепремиерката вчера присуствуваше на приемот организиран од нашата Амбасада во Словенија по повод 30 годишнината од воспоставувањето дипломатски односи меѓу двете земји и отворањето на Амбасадата во Љубљана...

Вицепремиерката за политики за добро владеење, Славица Грковска е во работна посета на Република Словенија каде ќе оствари средби со словенечките министерки за дигитална трансформација, Емилија Стојменова Дух и за правда Доминика Шварц Пипан, како и со потпретседателката на Судскиот совет д-р Уршка Кежмах.

Грковска вчера присуствуваше на приемот организиран од нашата Амбасада во Словенија по повод 30 годишнината од воспоставувањето дипломатски односи меѓу двете земји и отворањето на Амбасадата во Љубљана, која беше првото дипломатско претставништво отворено по прогласувањето на независноста на државата. Таа се заблагодари за отвореноста на Словенија да им овозможи студирање на словенечките универзитети на голем број македонски студенти и изрази надеж дека младите кои се стекнуваат со искуство во европските земји, потоа ќе одлучат својата иднина да ја градат дома, во својата татковина, со своите семејства.