Бектеши во Тирана на Форум на министери за економија во рамки на Берлинскиот процес
На форумот ќе учествуваат министрите за економија од Берлинскиот процес, претставници на Европската Унија и други партнери од Берлинскиот процес, со фокус на унапредување на заедничкиот регионален пазар, за поттикнување на економскиот раст во регионот и негово приближување до ЕУ...

Министерот за економија Крешник Бектеши денеска ќе учествува и ќе се обрати на Форумот на министри за економија насловен „Заеднички регионален пазар – чекор кон единствен пазар на ЕУ“ во рамки на Берлинскиот процес којшто се одржува во Тирана, Република Албанија.
На форумот ќе учествуваат министрите за економија од Берлинскиот процес, претставници на Европската Унија и други партнери од Берлинскиот процес, со фокус на унапредување на заедничкиот регионален пазар, за поттикнување на економскиот раст во регионот и негово приближување до ЕУ.
