Македонија

Нова средба на работната група за пензиите

26.09.2023 09:14

На маса барањата за линеарно покачување на пензиите...

За денеска најавена нова средба на работната група за пензиите. На маса барањата за линеарно покачување на пензиите.

Засега извесно само дека пензионерите на први октомври ќе добијат усогласена септемвриска пензија, зголемена за 6,8 проценти, како последица на растот на трошоците за живот и на просечната плата. Тоа значи дека оние со најниски пензии од 11.897 денари, ќе добијат дополнителни 810 денари, додека, пак, 75 приматели на највисока пензија од речиси 70.000 денари ќе добијат плус 4.750 денари.

Пензионерите не отстапуваат од барањата за линеарно покачување на пензиите од 3.500 денари, како и минимална пензија од 18.000 денари.

Министерката Тренчевска најави дека веќе има некои предлог мерки за кои ќе се разговара.