ЗНМ

Дебата на тема „Ефектите од измените на Кривичниот законик во насока на подобрување на безбедноста на медиумските работници“

26.09.2023 09:20

Здружението на новинарите на Македонија (ЗНМ) денеска организира дебата на тема „Ефектите од измените на Кривичниот законик во насока на подобрување на безбедноста на медиумските работници“...

Здружението на новинарите на Македонија (ЗНМ) денеска организира дебата на тема „Ефектите од измените на Кривичниот законик во насока на подобрување на безбедноста на медиумските работници“.

Како што информираат од ЗНМ, на дебатата новинари и претставници од Министерството за внатрешни работи и од Основното јавно обвинителство ќе имаат можност да разменат видувања и практични искуства во контекст на примената на измените во Кривичен законик со кои се обезбедува поголема заштита за новинарите и медиумските работници.