Политика

Имало или не преговори за Кривичниот законик?

26.09.2023 10:26

ВМРО-ДПМНЕ тврди дека имаат докази оти Груевски на УСБ ги доставил измените на Кривичниот законик до Ахмети, Џафери и трета страна. Информациите ги добиле од свиркач. Вицепремиерот Маричиќ негира каква било комуникација меѓу СДСМ и поранешниот лидер на ВМРО-ДПМНЕ…

Имаме докази дека Груевски на УСБ ги доставил измените на Кривичниот законик до Ахмети, Џафери и до трета страна, изјави потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Николоски. Во интервјуто за 360 Степени го покажа УСБ-то, велејќи дека информациите ги добиле од свиркач.

Според вицепремиерот Маричиќ, полека се разоткрива дека целта на ВМРО-ДПМНЕ била нивна неказнивост и пензионирање на СЈО. Негираше каква било комуникација меѓу СДСМ и поранешниот лидер на ВМРО-ДПМНЕ и премиер Груевски.

Од Будимпешта се огласи и Никола Груевски. Во изјавата преку видеоврска за порталот „Инфомакс“ ги демантираше тврдењата на Николоски. Експремиерот кажа дека не постои такво УСБ и дека „секој за 15 минути може да направи и да рече ова е УСБ-то што го пратил Груевски“. Наместо со вакви глупости, додаде експремиерот, ВМРО-ДПМНЕ треба да се фокусира на СДСМ и на рушење на нивната влада, која, според него, е зрела за паѓање уште од 2020-та година.