171 санкции за брзо возење на територија на државата
Од нив девет возила се движеле со брзина над 50 километри на час повеќе од дозволеното, а три возила се движеле со дури над 70 километри на час повеќе од дозволената брзина. Притоа 95 возила ја пречекориле брзината во населено место, а 76 надвор од населено место.

Во текот на вчерашниот ден Министерството за внатрешни работи спроведе засилена акциска контрола на територијата на Република Северна Македонија за санкционирање на возила кои се движат со брзина поголема од дозволената, при што санкционирани се 171 возач.
Од нив девет возила се движеле со брзина над 50 километри на час повеќе од дозволеното, а три возила се движеле со дури над 70 километри на час повеќе од дозволената брзина. Притоа 95 возила ја пречекориле брзината во населено место, а 76 надвор од населено место.
Сообраќајните контроли продолжуваат и во наредните денови, соопштуваат од МВР.
