Утре почнува фестивалот на детски театри „Игор Маџиров“
Програмата е посветена на малите театарски форми. Свеченото отворање е со претставата „Роња, ќерката на ограбувачот“, а потоа следуваат изведбите на претставите „Шума од песни“ на „Кускус“ Институт арт продукција од Љубљана, „Бременските музиканти“ на театар „Бабец“ од Битола, „Ова сум јас“, на театарот „Поко локо“ од Загреб...
„Ослободи ја својата фантазија“ е мотото на вториот Интернационален фестивал на детски театри „Игор Маџиров“, кој ќе се одржи од 27-ми до 30-ти септември во Скопје. Фестивалот го организира Театарот за деца и младинци.
Програмата е посветена на малите театарски форми. Свеченото отворање е со претставата „Роња, ќерката на ограбувачот“, а потоа следуваат изведбите на претставите „Шума од песни“ на „Кускус“ Институт арт продукција од Љубљана, „Бременските музиканти“ на театар „Бабец“ од Битола, „Ова сум јас“, на театарот „Поко локо“ од Загреб, „Момчето со куферот“ на Мал театар „Душко Радовиќ, „Пинокио и Црвенкапа во потрага по аладиновата ламба“, во продукција на Албански театар за деца и младинци, „Среќна куќичка“ на гостите од Градскиот куклен театар од Ријека, „Бамби“ на Театарот за деца и младинци од Крагуевац и претставата „ЕРРОР 404“ во изведба на Ангелес де трапо од Малага, Шпанија.
Во жирито на фестивалот членуваат актерот Драган Довлев и театрологот Миливоје Млаѓеновиќ а претседател е Тин Грабнар од Словенија. Годинава се воведува и детско жири кое ќе брои 7 деца на возраст од 9 – 12 години.
Во рамките на фестивалот ќе се одржат две работилници. Една за куклен театар која ќе ја води режисерката Тамара Кучиновиќ професорка по куклен театар од Факултетот за драмски уметности во Осијек, Хрватска. Работилницата ќе се одржи на Факултетот за драмски уметности и ќе е наменета за студентите и веќе диполомираните актери и режисери. Втората работилница е наменета за деца и наставници, на тема куклен театар со режисерот Давор Драгојевиќ од Подгорица, Црна Гора.
