Свет
Нагорно Карабах: Настрадани во експлозија на бензинска пумпа
26.09.2023 11:16
Десетици луѓе во тоа време биле на бензинската пумпа за да наточат гориво за да се преселат во Ерменија. Повеќемина се хоспитализирани.

Десетици луѓе биле повредени на бензинска пумпа во Нагорно Карабах, пред главниот град на отцепениот регион, Степанакерт, каде што експлодирал резервоар за гориво.
Десетици луѓе во тоа време биле на бензинската пумпа за да наточат гориво за да се преселат во Ерменија. Повеќемина се хоспитализирани.
Нагорно Карабах се соочува со недостиг на гориво поради 10-месечната блокада од Азербејџан, што доведе и до недостиг на храна и вода.
