Свет

Гватемала: Извлечени тела на жртви во смртоносната поплава

26.09.2023 11:25

Инцидентот се случил откако река загадена со отпадни води ја зафатила населбата под мостот во градот...

Најмалку шест лица загинаа, а најмалку 12 се водат како исчезнати, меѓу кои 10 малолетни, откако река поплави населба во Гватемала Сити.

Меѓу жртвите има и едно петгодишно дете. Инцидентот се случил откако река загадена со отпадни води ја зафатила населбата под мостот во градот.

Жителите на населбата постојано биле предупредувани од властите за ризикот од поројни поплави и лизгање земјиште.