Џафери: Лага е дека сум примил каков било материјал од екс-премиерот
„Не би сакал да користам несоодветни зборови, коишто ги заслужува таквата инсинуација, но оставам на совеста на тие што шпекулираа со јавноста“, нагласи Џафери.

Нема никаква вистина во тоа дека претседателот на Собранието од екс-премиерот примил каков било допис и или каков било материјал. Тоа е невистина којашто само служи за дневно-политички цели, изјави денеска претседателот на Собранието, Талат Џафери.
Тој истакна дека Собранието добива материјали од овластени предлагачи, во форма која е пропишана со Деловникот.
„Не би сакал да користам несоодветни зборови, коишто ги заслужува таквата инсинуација, но оставам на совеста на тие што шпекулираа со јавноста“, нагласи Џафери.
Потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Александар Николоски вчера во интервју за 360 степени сподели материјали за кои тврдеше дека се дел од тајна комуникација меѓу поранешниот претседател на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Груевски, лидерот на ДУИ, Али Ахмети, претседателот на Собранието, Талат Џафери, и уште едно лице. Во интервјуто за 360 Степени Николоски го покажа УСБ-то, велејќи дека информациите ги добиле од свиркач.
