Повторно одложено судењето на адвокатот Тони Менкиноски
Се одложи судењето против адвокатот Тони Менкиноски, кој се товари дека го нарушил јавниот ред и мир, истакнувајќи го знамето со сонцето на Кутлеш...

Се одложи судењето против адвокатот Тони Менкиноски, кој се товари дека го нарушил јавниот ред и мир, истакнувајќи го знамето со сонцето на Кутлеш во Охрид. Менкиноски вели дека подносителите на обвинението веќе третпат не доаѓаат на судењата, па според правото треба да се донесе ослободителна пресуда.
Како и претходните рочишта обвинетиот и утрово доби поддршка од група граѓани со развиорени знамиња пред судот.
„Воопшто никој не се појавува на судењата кој го поднел обвинението. Тие луѓе трипати не доаѓаат. Доколку имаа доблест можеа предметот да го пренасочат да го земе друг судија но сега е целта да се калкулира со овој предмет, да не се будат страстите кај Македонците. Очигледно им е страв бидејќи не знаат како да се справат со овој предмет. Сакаат да ме осудат, не сакаат да донесат ослободителна пресуда која според правото треба да ја донесат оти тој што прејудицирал го нема да се појави и да образложи во судницата“, вели Менкиноски.
„Уште еднаш се срамиме што власта презеде ваков непопуларен потег да еден патриот македонски кој ги брани македонските интереси да биде изложен на судење за бранење на своите национални интереси“, вели Делчо Максимоски.
„Ако имавме правна држава ќе имавме и држава. Ова се е замислено, политички наместено. Каде е Германецот кој го вееше албанското знаме“, рече Ташко Велоски.
