Македонија

Економистите сметаат дека треба поголема децентрализација на општините

26.09.2023 12:52

Македонските општини имаат малку пари од сопствени приходи, а и тие едвај се собираат. Економистите сметаат дека треба поголема децентрализација...

Македонските општини имаат малку пари, eдвај 25 проценти се нивни автентични, сопствени приходи, и тие недоволно се наплатуваат. Другото се трансфери од централната каса, средствата повеќе ги трошат за плати на вработените, не стигнуваат доволно за инфраструктура. Економисти укажуваат дека е потребна поголема децентрализација.

Истражување покажа дека степенот на задоволство на испорачаните услуги кон граѓаните во услови на пандемија од 1 до 5 е 2,7.

Според министерот за локална самоуправа Пенов, кризата со пандемијата сме ја поминале стабилно во однос на квалитетот на услугите кон граѓаните.

Но, заклучокот е дека е потребно градоначалниците да покажат поголема волја да ги наплатат сопствените приходи и умно да ги користат парите, во интерес на граѓаните.

 

Александра Спировска