Јужна Кореја
Јужна Кореја ја одржува првата голема воена парада по десет години
26.09.2023 16:45
Јужна Кореја ја почна најголемата воена парада во последнава деценија...

Јужна Кореја ја почна најголемата воена парада во последнава деценија. Граѓаните и светот имаа можност да видат и интерконтинентални ракети. Шефот на државата предупреди за заканите од Пјонгјанг.
„И покрај постојаните предупредувања од меѓународната заедница, Северна Кореја ги надградува нуклеарните и ракетните капацитети. Врз основа на борбените способности, нашата војска веднаш ќе возврати на секоја севернокорејска провокација“, изјави Јун Сук Јеол, претседател на Јужна Кореја.
Парадата се одржа по враќањето на севернокорејскиот лидер Ким Џонг Ун од Русија, каде што со претседателот Путин договорија зајакнување на воената соработка.
