Европските народни партии најбројни во Европскиот парламент
Според првите неофицијални резултати, најмногу пратенички места освоиле конзервативците од Европската народна партија - 211, додека социјалистите се на второ место со 193 пратеници...

Европските народни партии ќе бидат бидат најбројна партија во Европскиот парламент соопшти прес службата на Европарламентот, врз база на излезноста во 28-те земји-членки на Европската унија.
Според првите неофицијални резултати, најмногу пратенички места освоиле конзервативците од Европската народна партија - 211, додека социјалистите се на второ место со 193 пратеници.
Резултатите покажуваат дека во ЕП е можно многу силно и функционално мнозинство, изјави претседателот на Европската Комисија Жозе Мануел Баросо.
Одзивот на гласачите бил 43,1 процент, што е приближно исто со претходните избори во 2009-та, кога излезноста беше 43 насто.
