Косово

Се чека одлука за движење низ Бањска

27.09.2023 09:28

Заврши полициската акција за претрес во Бањска. Селото четврти ден е под блокада, а влезот сè уште е дозволен само на мештаните...

Ден на жалост во Србија и Република Српска по убиството на полицаец на северот на Косово. Заврши полициската акција за претрес во Бањска. Селото четврти ден е под блокада, а влезот сè уште е дозволен само на мештаните.

Во Приштина треба да решат дали на сите, не само на жителите, треба да им се дозволи слободно да влегуваат и излегуваат од селото. На тројца од осумте уапсени Срби им е изречена мерка притвор од 30 дена.

Мисијата на КФОР на Косово, синоќа соопшти дека нивните војници се во конфликтното подрачје. Во меѓувреме, српската опозиција бара оставка од претседателот Вучиќ за како што велат повеќегодишната погубна политика кон Косово и последниот дебакл во Бањска со трагични последици.