Најмалку 100 лица загинаа, 150 се повредени во пожар на свадба во северен Ирак
Според првичните информации пламените јазици најверојатно биле предизвикани од огномет. Властите велат дека запаливите градежни материјали придонеле за брзо ширење и уривање на објектот...

Најмалку 100 лица загинаа, а 150 се повредени во пожар на свадба во северен Ирак. Според првичните информации пламените јазици најверојатно биле предизвикани од огномет. Властите велат дека запаливите градежни материјали придонеле за брзо ширење и уривање на објектот.
„Повеќето од повредените се со големи изгореници. На некои други им изгореле 50 до 60 проценти од телата. Ова воопшто не е добро. Поголемиот дел од нив не беа во добра состојба. Повеќето од нив беа млади мажи и жени“, изјави Ахмед Дубардани-заменик-шеф на дирекцијата за здравство.
Ирачките федерални власти и властите во полуавтономниот регион Курдистан, испратиле амбулантни возила и медицински тимови на местото на трагедијата.
