Зеленски најави акција против Русија
Украинскиот претседател, вети нова украинска акција против како што вели, терористичката држава. На фронтот битките продолжуваат...

Санкциите против Русија не се доволни за да се запре агресијата на Кремљ, изјави Украинскиот претседател. Вети нова украинска акција против како што вели, терористичката држава. На фронтот битките продолжуваат. Украинската војска објави дека напредува во Бахмут. Речиси секојдневно на украинското небо се уништуваат десетици дронови и разни видови проектили.
„Јасно гледаме кои области на притисок врз Русија треба да се зајакнат за да се спречи растот на терористичките способности. Санкциите не се доволни. Ќе има повеќе. Ќе има повеќе наши, украински акции против терористичката држава. Сè додека руската агресија продолжува, загубите на Русија мора да се почувствуваат“, изјави Володимир Зеленски-претседател на Украина.
Иранските беспилотни летала камикази користени во неодамнешните напади врз украинските градови се полни со европски компоненти, се вели во таен документ што Киев го испратил до западните сојузници.
