Трамп и неговата компанија прогласени за виновни за измама
Поранешниот американски претседател Доналд Трамп и неговата семејна фирма се прогласени за виновни за измама од судот во Њујорк по граѓанска тужба...

Поранешниот американски претседател Доналд Трамп и неговата семејна фирма се прогласени за виновни за измама од судот во Њујорк по граѓанска тужба од државната обвинителка Летиција Џејмс.
Трамп и неговата фирма цела деценија лажеле за вредноста на нивните средства со цел да добијат подобри услови за банкарски заеми и осигурување. Тој ја осуди одлуката, нарекувајќи ја неамериканска и дел од тековниот заговор за оштетување на неговата кампања за враќање во Белата куќа.
Во втората дебата за републикански кандидат за претседателски избори во 2024 година се квалификуваа седум кандидати, Трамп и овој пат нема да се соочи со опонентите.
