Македонија

Уставниот суд ќе одлучува за Упатството за водење на матични книги

27.09.2023 09:42

Со оглед дека дискусијата за овој предмет е веќе завршена, на денешната седница следува фазата на гласање и донесување на одлука...

Уставниот суд денеска ќе одлучува за предметот во кој е поведена постапка за Упатството за водење на матични книги.

Уставниот суд на почетокот од јули по сопствена иницијатива поведе постапка за оспореното Упатство поради сомнеж дека со негово донесување од страна на Министерството за правда е направена повреда на членот 52 став 2 од Уставот, односно не е испочитуван уставниот рок во кој требало да се објави ова Упатство. Заведено со архивски број од 29 мај 2023 година, а објавено на 15 јуни 2023 година, што значи не е испочитуван Уставот и членот 52 во кој се предвидува рок најдоцна за 7 дена.

Со оглед дека дискусијата за овој предмет е веќе завршена, на денешната седница следува фазата на гласање и донесување на одлука- соопштуваат од Уставниот суд.