„Чоколадниот крал“ нов претседател на Украина, Кличко градоначалник на Киев
Според првичните резултатите нема да има втро круг на гласање на претседателските избори, бидејќи Порошенко освоил 55,9 насто од гласовите.

Милијардерот Петро Порошенко прогласи победа на претседателските избори, додека боксерскиот шампион Виталиј Кличко е новиот градоначалник на Киев.
Според првичните резултатите нема да има втро круг на гласање на претседателските избори, бидејќи Порошенко освоил 55,9 насто од гласовите.
Поранешната премиерка Тимошенко е на второ место со 12 насто помалку гласови.
Новиот претседател изјави дека ќе се го продолжи интеграцијата кон Европа, а приоритет ќе му биде стабилизирње на состојбата на истокот од земјата.
Граѓаните на Доњецк и Луганск ги бојкотираат изборите, а во некои делови имаше инциденти и кршење на гласачки кутии.
