Македонија
ЦУК: Пожар кај кривопаланечкото село Градец
27.09.2023 10:36
Од ЦУК апелираат до граѓаните да се воздржат од палење огнови на отворено и да не палат отпадоци дури и во нивните дворови, бидејќи ветерот многу лесно може огнот да го пренесе на околната вегетација којашто е сува и многу нарасната...

Сува трева и борова шума од рано утринава гори кај селото Градец, каде интервенираат пожарникарите од Крива Паланка, информира Центарот за управување со кризи.
Од ЦУК апелираат до граѓаните да се воздржат од палење огнови на отворено и да не палат отпадоци дури и во нивните дворови, бидејќи ветерот многу лесно може огнот да го пренесе на околната вегетација којашто е сува и многу нарасната.
Според информациите на ЦУК, во текот на вчерашниот ден беа изгаснати 33 пожари.
