Почнува новата кошаркарска сезона
Првото коло ќе почне со два натпревари на денешната програма. Работнички и ТФТ ќе ги одмерат силите во дербито на колото...

Денеска официјално стартува 32-та сезона во Првата македонска кошаркарска лига. Бранител на тронот е МЗТ Скопје кој доминира во македонскиот шампионат во последните четири години, сите титули отидоа во Аеродром. Одбраната на тронот, „сино-белите“ ја почнуваат од Гевгелија против Кожув, меч кој се игра во сабота.
Списокот на кандидати за освојување на титулата од оваа сезона се прошири, тронот на МЗТ Скопје е по Работнички, а во списокот е Пелистер, кој и покрај засилувањата и добриот буџет никако не успева да се закити со медал. Битолскиот клуб ќе има нова шанса, но овој пат нема да биде така едноставно.
Првото коло ќе почне со два натпревари на денешната програма. Работнички и ТФТ ќе ги одмерат силите во дербито на колото. По долги години, од „Градски Парк“ доаѓаат најави за подобри денови, ростерот е стокмен за титули, но и за квалификации во ФИБА Евро-купот.