Прилеп

Најголема е политичката дискриминација во работните односи

27.09.2023 12:12

Долга е битката со дискриминацијата. До Националната комисија за заштита од дискриминација најмногу предмети има за политичката дискриминација при работните односи. Се посочува проблемот со судско завлекување на предметите. Имаме законски одредби, поволни можности, потребна е поголема свесност. Комисијата на средби со граѓаните...

Политичката и друг вид дискриминација при работните односи е најбројната од преку 400 претставки стигнати до Комисијата за заштита од дискриминација која со полна пареа работи две и пол години. Граѓаните пријавуваат. Досега има предмети колку за цела година лани, доколку не се реагира на комисиските препораки, се оформува прекршочен предмет.

Имаме Закон веќе четири години, и можност за успешна битка со дискриминацијата, но потребна е зголемена свесност.

На судските лавиринти реагираат невладините и за граѓаните е препознатлива политичката дискриминација, но друго е прашањето да се пријави.

Комисијата за спречување и заштита од дискриминација ги почна средбите со граѓаните за поголема ефикасност на еднакво и рамноправно општество.

 

Елизабета Митреска