Законот за амнестија денеска влегува во собраниска процедура
Законот за амнестија стигна во Собранието. Ќе се носи по скратена постапка. Со него се предвидува ослободување на осудени за казна затвор до 6 месеци, а за оние кои судот им одредил повеќе ќе им бидат намалени казните за 30 отсто...
Власта за амнестија, опозициските партии против. Законот се усогласи и влегува во собраниска процедура. Предлагачот Правда бара да се донесе по скратена постапка. Лицата до шест месеци затворска казна се ослободуваат, додека оние со повисоки казни им се намалува затворската казна за 30 проценти. Со амнестијата не се опфатени лицата осудени на тешки кривични дела меѓу кои спаѓаат и злоупотреба на службената положба и овластување, перење пари несовесно работење во службата, измама на штета на средства на европската унија.
Додека на брифинг се чека министерот Лога пред новинарите да ја образложи амнестијата во поднесениот закон пишува дека истата е заради растоварување на затворите и спречување, како што пишува во законот, криминална инфекција на осудените за полесни кривични дела.
Сепак опозицијата во потегот на Правда со затворите гледа тивка амнестија на политичарите од власта и веќе најави блокада на законот со амандмани.
И албанскиот блок опозициски партии се контра амнестијата. Велат ова не е во интерес на граѓаните, ниту во интерес на процесите на ЕУ интеграциите, сакаат амнестија на криминалот што е направен порано но и во сегашно време.
Миле Ристески