За 25% зголемен бројот на туристи, се очекува растот да продолжи
За разлика од лани, во првите шест месеци од годината, зголемен е бројот на странски и на домашни туристи за 25 проценти. Се очекуваат повеќе од 3,3 милиони ноќевања или повеќе од 530 милиони промет во овој сектор, вели првиот човек на Агенцијата за туризам…

Зголемен број на странски и на домашни туристи за 25 проценти во однос на лани, во првите шест месеци од годината. Зголемен е и вкупниот број на ноќевања. Ова укажува на фактот дека иако пандемијата нанесе штети врз секторот, оваа година ќе се надмине бројот од еден милион туристи, и ќе стане подобра и од најдобрата 2019-та година.
Целта е туристичкиот кадар да остане во нашата држава и да помогне во развојот на туристичката индустрија. Селските куќи со своите понуди успеваат да прикажат една поинаква слика од туризмот во земјава кое има огромен потенцијал за развој.
Целта за 2025-та година е да се надмине фамозната 1988-ма година, кога на ниво на една друга држава се забележани 3,7 милиони ноќевања.
На Светскиот ден на туризмот, со симболични признанија беа наградени главните чинители кои придонесуваат во развојот на туризмот.
Александра Спировска