МВР

Приведен криумчар на мигранти, пронајдени 33 лица

27.09.2023 14:37

Полициски службеници од РЦ за ГР Југ-ПС за ГП и ГН Богородица во близина на бензинска пумпа на автопат А1, кај Гевгелија, го лишија од слобода И.М. (41) од Струга...

Денеска во 11.30 часот полициски службеници од РЦ за ГР Југ-ПС за ГП и ГН Богородица во близина на бензинска пумпа на автопат А1, кај Гевгелија, го лишија од слобода И.М. (41) од Струга, кој со товарно возило „Фиат Дукато“ со охридски регистарски таблички, превезувал 33 мигранти.

Известен е јавен обвинител од ОЈО за ГОКК Скопје и против возачот ќе биде поднесена соодветна кривична пријава, стои во соопштението од МВР.