Србија

Вучиќ негира учество во оружената пресметка

28.09.2023 09:01

Според Вучиќ, нема оправдување за убиениот косовски полицаец, но и дека тој немал право да биде на северно Косово...

Српскиот претседател Вучиќ го негираше учеството на Србија во вооружената пресметка во Бањска. Рече и дека тие се Срби, за него, и никогаш нема да бидат терористи. Според Вучиќ, нема оправдување за убиениот косовски полицаец, но и дека тој немал право да биде на северно Косово.

„Србија прогласи Ден на жалост поради трагични настани, поради смртта на сите луѓе. Од гледна точка на уставот на Република Србија, секој е граѓанин на нашата земја. Србија прогласува или има ден на жалост за тројцата загинати Срби и за убиениот косовски полицаец. Мислам дека тоа е цивилизациска одлука, одговорна и сериозна одлука“, изјави претседателот на Србија, Вучиќ.

Претседателката на Косово, Вјоса Османи, порача дека Соединетите Американски Држави, наместо Европската унија, треба да го водат дијалогот за нормализирање на односите меѓу Косово и Србија.