Воен конфликт

Изведени повеќе од 70 напади во Украина

28.09.2023 09:09

Генералштабот на украинските вооружени сили соопшти дека во нападите биле убиени и ранети цивили...

Руските сили вчера извршиле 44 воздушни и 27 напади со ракетни системи. Генералштабот на украинските вооружени сили соопшти дека во нападите биле убиени и ранети цивили. Уништени или оштетени се станбени згради, болница и друга цивилна инфраструктура.

Според украинскиот претседател Зеленски посебно внимание му се посветува на регионот Керсон.