ИМА со промоција на публикацијата и панел - дискусија за медиумско известување за уставните измени
Институтот за медиуми и аналитика ИМА денеска во Скопје, во Хотел Сити Парк, со почеток во 12 часот, ќе ја промовира публикацијата: „Уставните измени во медиумите: Дезинформации, медиумски манипулации, говор на омраза (анализи)“...

Институтот за медиуми и аналитика ИМА денеска во Скопје, во Хотел Сити Парк, со почеток во 12 часот, ќе ја промовира публикацијата: „Уставните измени во медиумите: Дезинформации, медиумски манипулации, говор на омраза (анализи)“
Публикацијата донесува авторски анализи, во кои истакнати истражувачи со повеќегодишно искуство во медиумите и во професионалните медиумски организации изнесуваат наоди, примери, ставови и мислења за известувањето на медиумите, дезинформациите, медиумските манипулации и говорот на омраза поврзани со предложените уставни измени, кои се услов за продолжување на преговорите за членство на Северна Македонија во Европската унија.
Во рамки на настанот ќе се одржи и панел – дискусија, на која ќе говорат авторите д-р Сефер Тахири, Зоран Бојаровски, Жарко Трајаноски и Петрит Сарачини, кој е и модератор на настанот. По излагањата на панелистите, предвидена е и дискусија со учесниците и присутните на настанот.
Фото:/ ИМА
