Здравје

Аронија - еликсир на здравјето

28.09.2023 09:57

Аронијата спаѓа во најздравите овошја на светот. Повеќе здравствени придобивки од ова овошје...

Аронијата спаѓа во најздравите овошја на светот. Главна компонента што им се препишува на повеќето здравствени придобивки од ова овошје е група наречена полифеноли, кои се моќни антиоксиданти кои го штитат организмот од оштетување на клетките.

Откриено е дека фенолите кои се наоѓаат во аронијата, ефикасно го ограничуваат атеросклеротичното оштетување предизвикано од срцеви заболувања. Сокот од аронија помага во зголемувањето на антиоксидантниот капацитет на крвта што го штити организмот од оксидативен стрес. Милиони луѓе од целиот свет страдаат од разни уринарни инфекции, а една од најпознатите е бактеријата ешерихијата коли. Симптоми вклучуваат често мокрење, и болка. Новите студии покажаа дека покрај брусницата, бобинки од аронија се исто така ефикасни во борбата против овие бактерии.

Аронијата благотворно делува на работата на желудникот, ја стимулира работата на штитната жлезда и затоа се препорачува за луѓе кои имаат хипотиреоза. Аронија е корисен кога станува збор за регулирање на тежината на начин што телото не ги зачувува маснотии околу абдоменот. Аронијата има најголемо антиоксидантно делување споредено со другите бобинки (рибизли, боровинки, брусница и сл.). Плодовите аронија најдобро е да ги конзумирате свежи или замрзнати бидејќи во таков облик се зачувуваат сите хранливи состојки. Со готвење се губат дел од нејзините лековити својства.

Најлесен начин на конзумирање на аронијата е да ја додадете во своето смути или овошна салата. Доволни се 10-тина зрна дневно.