57 илјади евра не поминаа граница
03.12.2013 16:01
Царинските службеници на граничен премин Богородица

Царинските службеници на граничен премин Богородица спречија обид за нелегално внесување на 57.200 евра.
Вчера на граничен премин Богородица во патничко моторно возило со грчки регистарски ознаки управувано од грчки државјанин, со кого биле уште три лица, меѓу кои и прекршителот со иницијали П.А, сите грчки државјани. На прашање од царинскиот службеник дали имаат нешто да пријават одговориле дека немаат ништо за пријавување. При преглед на лицата и возилото кај патникот П.А. во мала чанта и во неговиот личен багаж пронајдени се 67.200 евра за кои лицето не поседувало никаква документација за потекло.
Согласно Законот за девизно работење 10 илјади евра му се вратени на лицето, а останатите 57.200 евра привремено се задржани.
Против грчкиот државјанин е поднесено Барање за поведување на прекршочна постапка согласно Царинскиот закон
