Претрес во Прилеп, приведен дилер на дрога

28.09.2023 10:52

Лицето е приведено во полициска станица Прилеп и по документирање на случајот ќе следува соодветна пријава, информираат од МВР...

Вчера полициски службеници од СВР Битола-ОВР Прилеп го лишиле од слобода С.Л.(26) од Прилеп. При претрес во неговиот дом на ул. „Гостиварска“ во Прилеп, спроведен врз основа на наредба од Основен суд Прилеп, пронајдени се и одземени кутија со цветови од растението Cannabis, шеснаесет опаковки со бела грутчеста материја, дваесет опаковки со марихуана и предмети со остатоци од марихуана.

Лицето е приведено во полициска станица Прилеп и по документирање на случајот ќе следува соодветна пријава, информираат од МВР.