Лилард ќе игра за Милвоки

28.09.2023 11:59

Во претстојната сезона, Лилард, кој претходно побара размена, ќе биде играч на Милвоки Бакс.

Портланд, Милвоки и Феникс се согласија на голема тринасочна размена на кошаркари во која е вклучена и големата НБА ѕвезда Демијан Лилард.

Во претстојната сезона, Лилард, кој претходно побара размена, ќе биде играч на Милвоки Бакс.

Досегашниот клуб на Лилард, Портланд како резултат на размената ги доби Дру Холидеј, ДеАндре Ајтон, Тумани Камара, како и два пика од драфтовите во 2028 и 2030 година.

Феникс ги доби: Јусуф Нуркиќ, Грејсон Ален, Насир Литл, Кион Џонсон.